Свет

Велика Британија: „Алди“ лансира хартиени шишиња за вино

12 мар 2024

„Алди“ во соработка со компанијата „Фругалпак“ лансира две приватни трговски марки на вино кои ќе бидат во хартиени шишиња.

Шишињата ќе бидат изработени од 94% рециклиран картон и тие ќе се најдат на полиците во продавниците на 18.март кој е  Светски ден на рециклирање.

Од компанијата додаваат дека овие шишиња се пет пати полесни од стандардните стаклени шишиња.

 Купувачите ја сакаат одржливоста во секојдневниот живот, барајќи мал начин како да направат голема разлика на нашата планета. Нашите тимови секогаш размислуваат за тоа како би можеле да го развиваме нашиот асортиман за да понудиме поголема вредност и „зелен“ избор“. Горди сме што сме првиот супермаркет кој што лансира хартиено шише за сопствен бренд, помагајќи во поттинување на одржливи промени, изјави Џули Асфиелд, директорка во „Алди“ – ОК.

Компанијата неодамна соопшти дека успеала од 2017 до 2024 година да го намали фрлањето на храна во својот синџир за 57%. Претходно, компанијата вети дека до 2030 година ќе го преполови фрлањето на храна, но сега ја ревидира својата цел на 90% до 2030 година.

 

 

 

Извор: The Grocer

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...