Прв ден од кампањата за парламентарните избори

Од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници.

Во тек е и кампањата за претседателските избори, па двете кампањи, ќе се одвиваат паралелно во текот на следните четири дена, вклучувајќи го и денешниот, по што на 22 април настапува 48-часовниот молк за претседателските избори. И покрај молкот за претседателските, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во текот на овие два дена, што е ситуација која е единствена досега во изборните циклуси.

Кампањата за изборите за пратеници ќе трае до 6 мај по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај-денот на одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.