Опстипацијата (запек) е многу чест проблем кај децата и главен извор на болки во стомакот. За ова има неколку виновници, како одредени здравствени проблеми и недоволна физичка активност, но голема улога игра и исхраната. За жал, денешниот тип на исхрана со висок процент на преработена и брза храна, и малку овошје и зеленчук, ги прави работите уште полоши. Токму затоа, објаснуваат педијатрите, храната богата со влакна треба да биде дел од секојдневната исхрана на вашето дете.

Причината е што диететските влакна ја прават столицата помека и го олеснуваат исфрлањето, а на децата им се препорачува да консумираат околу 20 грама влакна дневно. Во продолжение ви пренесуваме десет намирници за кои педијатрите велат дека децата треба да ги консумираат што почесто, токму за здраво варење и против нередовната столица. Тоа се:

-малини
-компир
-овесна каша
-тестенини од цело зрно
-грав
-ленено семе
-авокадо
-мешунки
-круши
-шипинка.

Извор



912

X