Украинците погодија четири руски бродови во жесток ракетен напад

Во неделата, Украинците ја нападнаа руската Црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим. Соработник на Форбс дава детална анализа на воениот потфат и последиците за двете страни. Првично беше кажано дека биле погодени два руски брода, но ажурираниот извештај на украинските власти вели дека во нападот биле погодени четири брода – со крстосувачки ракети „Storm Shadow“ или „SCALP-EG“, или можеби со ракети Neptune.

Меѓу оштетените пловни објекти, наводно, има два активни амфибиски брода од класата Ропуча, Јамал и Азов, како и неактивен јуришен десантен брод од истата класа по име Костијантин Олшански, кој Русија го заплени од Украина за време на инвазијата на Крим во 2014 година. Четвртиот оштетен брод е разузнавачкиот „Иван Хурс“, кој преживеа напад од беспилотни летала на украинската морнарица пред 10 месеци.

Иако сателитските снимки на Севастопол се чини дека потврдуваат оштетување на неколку бродови, тие не даваат докази за очигледното потонување на ниту еден од нив. Можно е сите четири брода да бидат поправени.

Сепак, овој напад барем привремено ја намали – за околу 15 проценти – црноморската флота, која пред војната броеше околу десетина десантни бродови. Пред една година, кога рускиот гарнизон во јужна Украина беше значително зависен од поморските комуникациски линии за транспорт на муниција до бригадите и полковите на фронтот, ова ќе беше огромен проблем за Кремљ.

27.03.2024 - 19:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега