Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат го одобри предлог-законот за З. Балкан

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат го одобри предлог-законот за З. Балкан

Законот беше поднесен до Сенатот во мај минатата година од демократската сенаторка Жан Шахин, претседателка на Сенатскиот поткомитетот за Европа, со поддршка од колегите од двете политички партии.

Таа истакна дека со одобрувањето на законскиот предлог, Комитетот за надворешна политика „испрати порака за обновена посветеност на земјите од Западен Балкан“.

Го напишав овој предлог-закон за да се фокусирам на зајакнување на нашата посветеност и инвестиции во регионот, преку интензивирање на трговската и економската соработка и да ги зајакнеме американските механизми за решавање на прашањето за малигното влијание, корупцијата и другите работи што се обидуваат да ги поткопаат демократските аспирации на регионот, истакна Шахин. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата