Рубрика: Архитектура и градежништво
Големата награда на Бимас 2023 за архитектот Сашко Иванов
Објавено на 16.10.2023 - 12:15

Во периодот од 14 до 29 септември Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) го одржа ХI (21-то) биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. На свеченото затворање на БИМАС 2023, кое се одржа на 29 септември 2023 во Музејот на современа уметност во Скопје, награди за најуспешните и најдобрите им врачи претседателот на ААМ, проф. д-р Мишко Ралев.

Познатиот архитект Сашко Иванов со тимот од проектантското биро Иванов Инженеринг се добитници на GRAD PRIX – големата награда на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 за најдобро проектиран и реализиран објект, семејна куќа во Тасино Чешмиче.

За значењето на наградата зборува и самиот состав на жири комисиите, кои беа составени од еминентните архитекти и професори од Архитектонски факултет во Скопје. Тие имаа една комплексна задача, од мноштвото исклучителни трудови, преку процес на селекција и наградување, директно да ја покажат насоката во која треба да се движи современата македонска архитектура”, велат од проектантското биро Иванов Инженеринг.

Во периодот од од 14 до 30 септември кога и се одржаа интегрално две изданија – 20-то, кое не се одржа во 2020 поради ковид пандемијата, и 21-то, во објектот на Мала Станица беше отворена и изложбата на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023. На изложбата беа презентирани проекти и реализации за период од 2021-2023 година.

Право на учество во БИМАС 2023 имаа архитекти, македонски државјани, како физички и правни лица – компании, кои учествуваат со дела на архитекти македонски државјани. Имаше учесници и странски компании и државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Македонија.

Клучни зборови: