Принцот Хари пристигнува во Англија, но нема да се види со татко му: „Премногу е зафатен“

Принцот Хари и кралот Чарлс / Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Принцот Хари за неколку дена пристигнува во Лондон, но се чини дека нема да се сретне со својот татко, кралот Чарлс Трети. Како што пишуваат британските медиуми, веројатноста за подолга средба е многу мала бидејќи распоредот на кралот е целосно исполнет.

Вчера беше потврдено дека принцот Хари за неколку дена ќе отпатува за Лондон за да присуствува на церемонијата по повод десетгодишнината од игрите „Инвиктус“. Тој ќе биде на богослужбата на благодарноста во лондонската катедрала Св. Павле во среда, 8 мај, каде се очекува да одржи говор.

„Телеграф“ пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговото доаѓање во Англија се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности. Имено, на денот кога принцот Хари ќе дојде во Лондон, кралот Чарлс има средба со премиерот.

Не се очекува принцот Хари да се сретне со принцот Вилијам и принцезата Кетрин, која во моментов се лекува од рак. Двајцата браќа се скарани со години, иако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл јавно ѝ испратија најдобри желби на принцезата Кетрин кога таа ја објави веста за нејзината болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот