Македонија е во тага по објавувањето на веста дека 14 годишната Вања Ѓорчевска е пронајдена мртва. Како што информираа од МВР и обвинителството мотивот за нејзиното убиство е користољубие. Мртов е пронајден и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат.
По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на девојчето кое беше пријавено за исчезнато на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.
Љупчо Палевски Палчо е лицето кое го испукало куршумот кон малолетната Вања Ѓорчевска. Спасовски го нарече убиецот -монструм и информира дека е надвор од државата.
Шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски на прес-конференција изјави дека ова дело се казнува најтешко што може како казна според законите во земјава. -Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, веќе е чисто убиство и се казнува најстрого според Кривичниот законик, рече Бубевски.
„Според сознинјата, од страна на мајката имало продаден стан, и дека средстата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече Гаврил Бубевски во врска со случајот со убиствата на Вања и на Панче.
- Вања е грабната од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење ја ствиле во возилото „цитроен“ – рече на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој информира дека таткото на киднапираното па убиено 14-годишно девојче споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома, за организираната група од петмина да изнуди пари од мајката.

Додади коментар