Катимерини: Обновената криза со Македонија доаѓа во незгоден момент за Грција

Христијан Мицкоски/ Фото „Слободен печат“, Драган Митрески

Потврдата на растечкиот тренд на националистичките сили претставени од ВМРО-ДПМНЕ, преку изборот на новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и очекуваната влада од истата партија, не ја изненади Атина која се определи за став на чекање и гледање, пишува утрово грчки Катимерини.

-И Сиљановска-Давкова и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се случи некој непредвиден настан, во неколку наврати се заканија дека нема да го спроведат договорот од Преспа потпишан со Грција за името на соседната земја и дека нема да ја користат географската одредница „Северна“ за Македонија. Договорот од Преспа од 2018 година стави крај на речиси 30-годишната тензија меѓу двете земји околу името „Македонија“, што Грците го сметаа за целосно (погрешно) присвојување, не само на географскиот ентитет туку и на наследството на античкото македонско кралство, потсетува написот.

Катимерини додава дека „обновената криза со Северна Македонија ќе дојде во момент кога односите на Грција со некои од нејзините балкански соседи се незгодни: затворањето на новоизбраниот градоначалник на етничките Грци Фреди Белери во Албанија, истекувањето на договорот за пренасочување на водите со Бугарија и прашањето за независноста на Косово од Србија се сите пречки за непречени односи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот