ДУИ на средба во Стопанската комора на Македонија

Претставници од ДУИ и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска се договорија дека во фокусот на работата на идната влада ќе биде интегрирана и зелена економија и економски развој за сите граѓани, антимонополски и антидискриминаторни политики.

Министерот за економија Крешник Бектеши со предлог за повисок стандард на граѓаните. Азески изнесе видувања кои сака да бидат вметнати во програмата на идната влада а тоа се борба против корупцијата и криминалот, забрзување на процесот на гасификација поддршка на извозните активности и прашањето за издавањето на градежните дозволи. Азески побара и рационализација на буџетските средства.

ДУИ вчера имаа средба со Стопанската комора на северозападна Македонија при што им било побарано зголемување на минималната и на просечната плата.