Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден
чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот
Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а
иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.
Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ
оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија
на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите
граѓани во Македонија.
- Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа
во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Не може така и за тоа мора да има
одговорност, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците
на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот
нема леб да купи.
- Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го
испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме
со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори
излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше
антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие
партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за
нас, ние сме во коалиција со нив.
Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само
вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и
ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат
теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат
повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа
повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.
Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи
дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.
Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се
разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од
ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу
проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека
тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да
оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски.