Дел од
сараевските медиуми под ознаката „скандалозно“ денеска го пренесоа соопштението
на Сојузниот ветеринарен инспекторат на подрачјето на кантонот Сараево за
наодите од инспекцијата извршена на крајот на минатата година во пекарата
„Мања“, во која се тврди дека во бурекот со говедско е пронајдена ДНК трага од
свинско месо.
Станува збор,
велат, за „мини замрзнат бурек“ наведен како полн со говедско месо.
Тие наведуваат и
дека споменатиот бурек е производ на производителот „Краина Клас“ д.о.о. Бања
Лука.
Бидејќи
спроведениот метод на тестирање не бил акредитиран, примерокот, како што велат,
бил испратен на анализа „со помош на акредитиран метод (молекуларна анализа во
реално време PCR) во акредитирана лабораторија на Европската унија, која
потврдила присуство на свинска ДНК во бурек деклариран како производ од
говедско месо“.