Поповски за ТВ 24: Претседателските кандидати ги доставија првите извештаи за донации

Александар Поповски од Државниот завод за ревизија во емисијата 24 анализа истакна дека се доставени првите извештаи за донации за претседателските кандидати.

- Во неделата заврши поднесувањето прв извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања кој се поднесува на 11от ден, вториот се поднесува ден по завршувањето на кампањата, а третиот извештај се поднесува пред вториот круг. Јавноста очекува да има втор круг за претседателските избори. Потоа, повторно се поднесува извештај по затворањето на трансакционата сметка и го опфаќа оној период од еден ден по завршување на кампањата се до затворањето на сметката. За нас е релевантен вкупниот финансиски извештај кој не се однесува само на донациите, приходи, разходи и трошоци, туку и спецификација. Што се однесува до донациите, Силјановска Давкова има 320 000 евра од 525 физички лица, Таравари 8500 евра, Ванковска 17 000 евра, а Јакимовски околу 2500 евра, а останатите тројца кандидати немаат. - рече Поповски.