Рускиот извоз на дизел продолжува да опаѓа поради нападите на украински беспилотни летала

photo: Andrey Rudakov/Bloomberg via Getty Images

Рускиот извоз на дизел продолжи да се намалува поради нападите со украински беспилотни летала врз нафтените рафинерии низ целата земја, објави Блумберг, цитирајќи податоци од аналитичката компанија „Кплер“, објави „Блумберг“, а пренесе „Kyiv independent“.

Според „Кплер“, Русија извезла околу 740.000 барели сурова нафта дневно во 10 дена до 13 април, што е намалување од 25 отсто во однос на истиот период претходните четири години.

Во последните неколку недели, украинските сили започнаа серија напади со беспилотни летала со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија.

Вкупно 12 руски нафтени рафинерии, наводно, биле успешно погодени во повеќе региони длабоко во руската територија од 17 март.

Украина, исто така, нападна една од најголемите руски нафтени рафинерии на 2 април во градот Нижнекамск во Татарстан, над 1.000 километри од границата со Украина.

Нападите предизвикаа критики од американските власти, кои јасно ставија до знаење дека САД не ја поддржуваат тактиката на Украина за напад врз рафинериите за нафта, наведувајќи ги стравувањата дека тоа може да го загрози глобалниот енергетски пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот