logo
logo
logo

Големо невреме ги погоди Полска и Чешка, ветрот носеше покриви (ВИДЕО)

Vecer | 02.07.2022

Големо невреме ги погоди Полска и Чешка, ветрот носеше покриви (ВИДЕО)

Седум лица, меѓу кои и двајца пожарникари, се повредени во невремето во полска Померанија, историски регион на северозападот на земјата во близина на Балтичкото Море. На селскиот пат во Чојница дрво паднало врз автомобил со пет лица, меѓу кои две деца.

Пожарникарите за 24 часа интервенирале дури 3.700 пати низ државата, а најголем дел од нив биле интервенции поради уништени покриви и паднати дрвја и два пожари предизвикани од гром.

Без струја во Полска останаа 125.000 домаќинства, а во Чешка 1.200.

Пред два дена обилните дождови и невремето во Чешка предизвикаа поплави и серија несреќи, меѓу кои и железничка несреќа.

Воз со голема брзина со околу 150 патници удрил во карпа, која се лизнала на шините во близина на замокот Карлштајн во близина на Прага. Локомотивата и првиот вагон излетале од шините, а пет лица се полесно повредени.

На некои места потоци и реки се излеваат од коритата. Во Чески Крумлов во јужна Чешка, потокот Полецница, притока на Влтава, поплавил куќи покрај патот. Низ целата земја, противпожарните служби добија стотици повици за испумпување на подрумите и расчистување на паднатите дрвја од патиштата. На повеќе места од град се оштетени автомобили и покриви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk