Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Кевин Дурант ноќеска го имаше своето деби за Феникс санс во победата над Шарлот хорнетс на гостински терен со 105:91.

Дурант за 27 минути поминати на теренот стигна до 23 поени (10 од 15 од поле), шест скока, две асистенции и две блокади.

На Феникс санс Дурант му се придружи од Бруклин нетс по трејдот на 9 февруари. Тој конечно закрепна по истегнување на лигамент на десното колено, поради што не играше повеќе од седум недели.

- Чувствувам дека добро се вклопив во овој тим. Сите околу се обидоа да ми ја олеснат задачата што е можно повеќе. Треба да продолжам вака, рече Дурант.

Феникс санс се наоѓа на 4. место во Западната конференција со 34 победи и 29 порази.


Администратор
02/03/2023 14:39