Спортскиот комплекс „Бојмија“ во завршна фаза - Аеродром добива уште еден репрезентативен комплекс

Општина Аеродром добива уште еден репрезентативен комплекс.

Градоначалникот на општината Тимчо Муцунски денеска заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески и кандидатите за пратеници од Аеродром, го посетија спортскиот комплекс „Бојмија“ каде во завршна фаза е поставувањето на функционално фудбалско игралиште со вештачка трева и атлетска патека, се обновува детското игралиште и фитнес просторот и целосно се обновува фонтаната и урбаната опрема. 

- Тука каде што живее маалскиот живот и активно се спортува, визијата за урбана, модерна, зелена и спортска општина ја продолжуваме со уште еден репрезентативен комплекс, реконструиран според највисоките стандарди, порачаа надлежните. 

Станува збор за уште еден урбан простор, кој ќе има спортска намена, но и локација каде граѓаните кои живеат во овој дел од Аеродром ќе го поминуваат своето слободно време.