30 Април, 2024
0.0259

„Луѓето ја споделуваат истата мака, корумпирана локална и центрaлна власт“: еве што порача Ванковска од Струга

Објавено во: Македонија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Мора да свртиме нов лист за заедничко добро, без оглед кои сме, што сме и какви сме, порача од Струга кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.

По средбата со граѓаните таа побара од граѓаните да не го заборават 24 април, денот на првиот круг од претседателските избори.

- Во жарот на битката околу парламентарните избори можное да се случи овој ден да им избегне. Сметаме на активизам и мобилизација од граѓаните која нема да почне и да заврши на 8 мај. Да почне на 24 април, да заврши на 8 мај и потоа на 9 мај да славиме Ден на победа над фашизмот, рече Ванковска.

На новото шеталиште во близина на Градскиот пазар, Ванковска се сретна со граѓани од сите националности, кои според неа, се пожалиле дека сега нема ред, разбирање и поредок.

- Ние мора да свртиме нов лист за заедничко добро, без оглед кои сме, што сме, какви сме. Денес овде во Струга ми приоѓаа од оџи до граѓани од различни етнички групи. Навистина преубав дочек. Ми приоѓаат луѓе со кои споделуваме минимални барања за ред, поредок. Значи мојата порака е да се знае дека државата постои за граѓаните, а не граѓаните за државата - кажа професорката Ванковска.

Таа се наврати 20-тина години наназад, во времето, како што подвлече, отпорот на стружани кон територијалната организација.

- Можам да кажам дека мојот прв говор, обраќање од улица, пред граѓани беше овде. Градот е секако изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана центрaлна власт и секако младите кои заминуваат. Практично се брише и дел од минатото - заклучи Ванковска.

Извор и Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање