ПМФЛ: Струга непријатно изненадена од Тиквеш, пресврт на Шкендија против Брера Струмица

фото: KF Shkendija

Се одиграа шесте натпревари во рамките од 30 коло во Првата македонска фудбалска лига, актуелниот шампион Струга загуби на гостувањето кај Тиквеш со 3:2.

По првото полувреме водеше кавадаречкиот клуб со голот на Мојсов од 32 минута. Следуваа два погодоци на Ибраими на спротивната страна за пресврт во 63 и 77 минута, овој вториот од пенал. Следуваше нов пресврт, Тиквеш најпрвин во 82 минута преку Стојкоски дојде до израмнување, а конечниот епилог го постави Луан Силва во 94 минута.

Еден од кандидатите за шампионската титула сезонава Шкупи беше непријатно изненаден со поразот кај Гостивар (2:0). Домашниот состав дојде до бодовите благодарение на Кировски (62`) и Кехинде (97`).

Шкендија повторно е во сериозна трка за пехарот, со пресврт дојде до важен триумф над Брера (3:2). Струмичката водеше со 1:0 по првиот дел со голот на Ивковиќ во 16 минута, а во 68 минута гостите постигнаа уште еден гол кој го реализираше Цветаноски.

Целосно се вратија тетовските „црвено-црни“ во финишот од средбата, во 77 минута негативата ја намали Адеми, па во 87 минута израмни Цаке, а во 94 минута голема радост на домашните навивачи донесе Аганспахиќ.

Вардар дојде до битна победа во трката за опстанок, како гостин со 3:0 ја надигра Брегалница од Штип преку Шушњара, Дошев и Николовски. Работнички запиша нов триумф сезонава против Силекс од Кратово (1:0), а за скопскиот клуб бодови донесе Али Регба кој беше прецизен од белата точка.

Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ)

Среда, резултати:

Брегалница Штип – Вардар 0:3
Гостивар – Шкупи 2:0
Македонија ЃП – Воска Спорт 0:2
Шкендија – Брера Струмица 3:2
Силекс – Работнички 0:1
Тиквеш – Струга 3:2

Табела: Шкендија 58 бодови, Струга 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера Струмица 37, Воска Спорт 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница Штип 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот