Овој чај го чисти црниот дроб, а може да отстрани и камен од бубрег – еве како да го подготвите

Точка

03/04/2024

22:10

15.104

Големина на фонт

а а а

Чајот од ѓумбир го стимулира варењето на храна, ја подобрува циркулацијата и го поттикнува губењето на токсини преку потење.

Ѓумбирот е веројатно едно од најдобрите растенија за детоксикација, а неговите состојки се антифламаторни и моќни антиоксиданти.

Исто така тој е одличен за исфрлање на наталожените токсини и отровни материи од цревата и црниот дроб. Овој моќен чај наутро ни дава енергија, попладне нѐ стимулира, а навечер нѐ грее.


Позитивното дејство на ѓумбирот врз здравјето тука не завршува. Тој го поддржува регенерирањето на црниот дроб, го раствора каменот во бубрегот, спречува развој на бактерии во цревата, го нормализира зголеменото ниво на шеќер во крвта, а исто така спречува непосакувани промени во организмот.

Како да направите чај од ѓумбир

Состојки:

- 1 корен свеж ѓумбир со дебелина од околу 2,5 сантиметри (исечкан);
- една шолја вода;
- Дополнителни ароми по желба: стапче цимет, корен од куркума, исечкан на тенки ливчиња или неколку листови свежо нане;
- лимон или портокал;
- една лажичка мед или јаворов сируп.


Подготовка:

Помешајте го исечканиот ѓумбир со водата во сад којшто сте го ставиле на оган. Стапчето цимет, куркумата или медот додадете ги внатре (по желба).

Оставете водата да зоврие, а потоа намалете го огнот и оставете да се вари уште околу пет минути. Тргнете го садот од оган, внимателно исцедете ја течноста, па консумирајте.




Спонзорирани линкови

Маркетинг