Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 20.01.2022 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените  деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98  изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното  масло  за  домаќинство  на  (ЕЛ-1),  се  зголемуваат  за  0,50  ден/лит,  во  однос  на  малопродажните  цени  утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива  за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00  ден/лит, малопродажната цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната  цена  на  Мазутот  М-1  НС  се  зголемува  за  0,228  ден/кг,  во  однос  на  малопродажната  цена  утврдена  со  одлуката  за  утврдување  на  највисоки  малопродажни  цени  на  нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот  М-1 НС изнесува  41,042 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,230% или за 10,550 $/тон, кај  дизелот зголемувањето е во просек за 0,888% или за 8,350 $тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,799% или за 7,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,848% или за 3,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,9699 ден/$ и е за околу  0,102%  понизок  од  курсот  на  доларот  (57,0284  ден/$)  по  кој  беа  формирани  цените  со  претходната пресметка.