Црвениот бран и во Градско – отворена канцеларијата на Левица во Општина Градско

Како одговор на потребите на народот, вчера вечер свечено и во позитивна атмосфера Левица ја отвори новата канцеларија во Градско која се наоѓа во центарот на населбата.

Покрај свеченостите, претседателот Апасиев како и проф.Ванковска се осврнаа на престојните предизвици во текот на претседателската кампања како и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието и што тој зголемен капацитет ќе значи одбрана на националните и класните интереси на македонскиот народ.

Особен акцент се стави на развојот на земјоделието и планското производство, со посебен осврт на проблемите со водоснабдувањето на општина Градско.

На отворањето присуствуваа кандидатот на Левица за претседател проф. Билјана Ванковска,претседателот на Левица Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, членови на ЦК, симпатизери и гости од повеќе населени места.

Постојаниот раст на Партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова Идеја чие време допрва доаѓа!