Кремасто, брзо и совршено вкусно: Рецепт за банана тирамису, лесен десерт од којшто секогаш ќе барате уште

Точка

12/04/2024

16:00

10.255

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате слатки со банани, пробајте го овој специфичен и кремаст колач со совршен вкус.

Доколку сакате тирамису, а сакате и банани, тогаш ќе се воодушевите од спојот на вкусот во овој лесен колач.

Состојки:

За бисквит:

- 4 јајца;
- 4 големи лажици шеќер;
- 4 лажици брашно;
- Малку путер.


За фил:

- 400 милилитри слатка павлака;
- 500 грама маскарпоне;
- 50 грама шеќер во прав;
- 3-4 банани;
- Какао за посипување.

Подготовка:

1. Прво вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови. Калапот премачкајте го со путер и посипете го со презла.

2. Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не стане компактна и ќе биде светложолта.

3. Просејте го брашното и измешајте го во смесата (но, немојте да матите со миксер).

4. Смесата ставете ја во калап и печете во загреана рерна 15-20 минути, додека не стане златно-жолт.


5. Додека бисквитот се лади, подгответе го филот. Изматете ја слатката павлака со миксер, па додадете го шеќерот. Ставете го во смесата маскарпонето, па соединете го кремот. Оставете малку да се излади.

6. Бананите пресечете ги на половина по должина и ширина и наредете ги над колачот којшто се изладил. Прелијте го со филот, па израмнете.

7. Оставете го колачот да се излади во фрижидер неколку часа или во текот на вечерта. Посипете со какао и послужете.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг