10 години од референдумот на Крим

На 16 март во 2014 година, граѓаните на Крим на референдум се изјаснија дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација.

Поддршката на референдумот изнесуваше 96,77% при излезност од 83% од жителите на полуостровот.

На референдумот му претходеа настаните на Мајдан во Киев, главниот град на Украина, кога по повеќедневните насилни протести, беше соборен од власт претседателот Виктор Јанукович. Речиси истовремено започна вооружениот судир меѓу украинската војска и проруските сили во земјата, што кулминираше со сепаратна политика на двете источни провинции, Луханск и Доњецк.

Во меѓувреме и овие области се најдоа во составот Руската Федерација.