Разговор Блинкен-Ганц: САД повикаа на „што е можно повеќе смиреност“

фото: Getty Images

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со министерот во израелскиот воен кабинет Бени Ганц во врска со тековните тензии меѓу Израел и Иран, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Блинкен ја повтори американската поддршка за безбедноста на Израел заедно со желбата на Вашингтон да не види регионална ескалација“, вели Милер.

Администрацијата на американскиот претседател Бајден избегнува јавно да му каже на Израел да не возвраќа по иранскиот напад минатиот викенд, но приватно го повикува Израел да се погрижи неговиот одговор да не предизвика регионална војна, според официјални лица запознаени со ова прашање, пренесува МИА.

Блинкен разговарал за ова прашање и со премиерот на Катар, информира Милер.

„Сè додека трае војната во Газа, нема да се вратиме на местото каде што бевме пред 7 октомври. Тоа е тековен процес на обид за намалување на тензиите во регионот и обид за одржување колку што е можно повеќе смиреност, знаејќи дека постои тековен конфликт што ги влоши тензиите во Израел и во регионот, рече Милер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот