ФОТО | Најави ли Дарвин Нуњез заминување од Ливерпул со последниот потег?

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Уругвајскиот напаѓач од редовите на Ливерпул Дарвин Нуњез често пати е мета на критики од навивачите поради големиот број неискористени прилики за гол во последните две сезони.

Не би можело точно да се каже каде би бил Ливерпул ако Дарвин искористеше поголем дел од шансите кои ги имаше, меѓутоа веројатно „црвените“ ќе беа во сериозна трка за титулата.

Уругвајскиот напаѓач беше платен астрономски 85 милиони евра, постигна 18 голови и 13 асистенции сезонава, но со оглед на шансите бројката на голови можеше да биде многу поголема.

Со заминувањето на Јирген Клоп кон инсистираше на негово доведување постои можност клубот да се одлучи да го продаде. Токму последниот потег на Уругваецот на социјалните мрежи е во таква насока.

Имено, „деветката“ на Ливерпул ги избриша сите фотографии во клупскиот дрес од својот Инстаграм профил и остави само приватни и оние од уругвајската репрезентацијата. Причината за ваквиот потег може да се најде во бројните навреди и критики кои Дарвин ги добиваше од навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот