02 Мај, 2024
0.0306

АмЧам претставува - Практики на иднината

ХАЛКБАНК АД Скопје: Градење на доверба и создавање на долгорочна вредност преку корпоративна одговорност

Објавено во: Интервјуа 21 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Интервју со г. Драган Гонев, Директор на дирекција за меѓународно банкарство и финансиски институции на ХАЛКБАНК АД Скопје

Халк Банка станува дел компаниите кои што ja имплементираат стратегијата за ESG (Environmental, Social, Governance), покажувајќи ја својата посветеност за разбирање и управување на влијанието врз животната средина, општествените прашања и практиките на управување. Примарната мотивација на Халк Банка за имплементација на оваа стратегија е вкоренета во идејата за активното учество во остварување на одржлив развој и капитализирање на придобивките од истото. Паралелно препознавајќи ја важноста на финансискиот сектор во балансирање помеѓу економскиот раст и одржливите практики за изградба на просперитетна иднина, Халк Банка гледа на имплементацијата на сеопфатна ESG стратегија и како фактор што ќе генерира позитивни резултати во самото работење и развој на банката, преку подобрување на управувањето со ризиците, создавање на нови можности за пристап до долгорочни извори за финансирање, ипреку усогласувањена корпоративната стратегијасо зголемената свест за одржливост кај новите генерации.

Преку слоганот на банката „Важни се луѓето“, Халк Банка изгради репутација на компанија којашто има висок степен на корпоративна грижа за општествените прашања, кои се еден од трите основни столба на ESG и коишто, меѓу другото, се однесува и на односите со вработените. Можете ли да споделите примери за тоа како оваа филозофија се рефлектира во секојдневното работење и процесите на донесување одлуки на банката?

Гонев: Корпоративната грижа за општествените прашања е дел од корпоративната стратегија на Халк Банка преку која се следи влијанието од деловното работење врз животната средина, клиентите, вработените и останатите засегнати страни. Банката ја имплементира корпоративната општествена и социјална одговорност во своето секојдневно работење како и во процесот на носење на деловни одлуки преку различни иницијативи.

Халк Банка активно работи на намалување на својот јаглероден отпечаток со различни еколошки активности и иницијативи кои позитивно се рефлектираат на околината. Банката преку својата етичка и деловна пракса се придржува до правични работни стандарди за своите вработени и еднаков пристап за сите, што позитивно влијае на ангажираноста на вработените, односно негувањето на позитивна работна култура. Во рамките на овие иницијативи се можностите - за личен и професионален развој на сите вработени, и постигнувањето на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Покрај овие иницијативи кои се практикуваат во банката, општествената и социјалната одговорност е имплементирана и во самите производи кои се дефинирани на начин да промовираат социјална благосостојба и одржливост. Имено, Халк Банка има развиено широка палета на производи преку кои што се овозможува поддршка на мали и средни претпријатија, жени претприемачи, како и кредити за создавање на нови работни места, самовработување и слично. Дополнително, во последните 20 години, како пионер во банкарскиот сектор во зелено финансирање, а во соработка содомашните и меѓународни финансиски институции, континуирана е и поддршката преку зелени кредити за своите клиенти.

Како дел од ESG стратегијата, Банката креираше посебна платформа за поддршка на жените во рамките на која се креираше специјален бизнис-пакет за жени претприемачи. Идејата на овој бизнис-пакет е да се олесни пристапот до финансирање со поволни услови на компаниите каде основачи или сопственици се жени. Покрај бизнис-пакетот, во рамките на пошироката платформа за поддршка на жените, банката во последниот период организираше креативни кампањи и настани. Последна кампања од ваков тип беше кампањата „Фустани со џебови“ која беше посветена на промоција на рамноправноста, финансиската независност и поддршка на жените. Оваа кампања имаше и хуманитарен карактер, односно средствата собрани на аукцијата беа донирани на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Во текот на месец ноември под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“ беше организирана и првата бизнис конференција за жени претприемачи „HalkTalk 2023“.

Придобивките од успешната интеграција на квалитетна стратегија за корпоративната општествена и социјална одговорност се видливи и преку резултатите во оперативното работење и во процесот на секојдневно носење на квалитетни деловни одлуки.Во текот на годините успешната стратегија ѝ помогна на банката во градењето на позитивна репутација кај нејзините клиенти и вработени. Нашите клиенти ја препознаа заложбата на банката за социјална и еколошка одговорност,што овозможи  зголемување на бројот на нови клиенти кои се одлучија да се придружат и даја поддржат оваа заложба на банката. Сето ова придонесе и да се создаде позитивна работна култура кај вработените, со зголемено задоволство од работата и поголема ангажираност и мотивираност.

Доколку се закружи сето ова погоре споменато, може да се каже дека со инкорпорирање на ESG стратегијатаво секојдневните операции и процеси на одлучување, се создаде дополнителна долгорочна вредност за нашите клиенти, но и за подобро позиционирање на банката при надминување на предизвиците водинамичното деловно опкружување, обезбедувајќи одржлив раст и позитивно општествено влијание.

Можете ли да дадете примери на иницијативи или проекти кои банката ги презела за активно вклучување и поддршка на локалната заедница? Како банката гарантира дека нејзините напори за ангажирање во заедницата се усогласуваат со потребите и приоритетите на заедниците на кои им служи?

Гонев: Кога станува збор за иницијативите на банката за поддршка на локалната заедница, слободно може да се каже дека во оваа приказна се вклучени сите вработени, вклучувајќи го и највисокиот менаџмент. Со цел поедноставно да се допре до потребите на локалната заедница банката учествува во разни интервјуа, анкети и работа со одредени фокус групи. Со разбирањето и детектирањето на потребите, Халк Банка успеа подобро да ги усогласи своите напори за ангажирање во локалната заедница на која таа безрезервно и служи.

Ефектот од овој општествен ангажман на банката, се мери на повеќе начини. Мерење на влијанието на нашите проекти за ангажирање во заедницата ни помогна подобро да разбереме како нашите иницијативи придонесуваат за потребите и приоритетите на заедниците на кои им служиме. Преку овие проекти освен економското влијание и придобивки како што се нови работни места и подобрена продуктивност, не може да се занемари и социјално влијание. Важен фактор за мерење на квалитетот на овие проекти е и ангажирањето на локалната заедница, односно нивото на ангажираност помеѓу засегнатите страни и заедницата, бројот на волонтери, бројот на настани, нивната посетеност и слично.Со успешната имплементација на овие проекти позитивен беше и ефектот врз животната средина, односно бројните еколошки придобивки како што се намалени емисии на јаглерод и подобрен квалитет на воздухот.

Како примери за ваков тип на иницијативи и проекти може особено да ги издвоимеплатформите Халки - која е фокусирана на финансиска едукација за децата, Чуварите на мудроста - која е насочена кон постарите генерации, ХАЛК-ЕКО платформата - преку која се организираа бројни настани како Скопје трча 10 километри, и велосипедската трка Халк Вело Грин.

Дополнително,банката има поддржано бројнинастани и проекти поврзани со спортот, образованието, културата и екологијата. Пример за поддршка на ваков тип настани и иницијативи се меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера”, меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, Охридскиот филмски фестивал, поддршка на Зоолошката градина итн.Исто така, за регионите погодени од катастрофалните земјотреси во Туркије, Халк Банка обезбеди донација во износ од 500.000 евра.

На кои начини банката дава приоритет на задоволството на своите вработени? Дали постојат уникатни програми или придобивки за задоволството на вработените што можете да ги истакнете? Како банката го мери успехот на нејзините иницијативи за благосостојба на вработените?

Гонев: Еден од главните приоритети на Халк Банка е задоволството на вработените и нивната благосостојбата која се негува со спроведување на разни програми за ангажирање на вработените. Овие програми имаат за цел да ја зголемат мотивираноста, да го зајакнат моралот и да ги задржат врвните таленти.Постојат неколку начини на кои Халк Банкаго мери задоволството на своитевработени. Еден од нив е со спроведување на редовни анкети со кои подобро може да се разберат потребите и преференциите на своите вработените, се со цел Банката да ја  адаптира својата стратегија за да се 

исполнат очекувањата на сите вработени. Дополнително се промовира и двонасочната комуникација, со која се охрабрува отворена комуникација помеѓу вработените и раководството како би можело да се помогне да се изгради доверба и да се поттикне чувството на припадност.

Халк Банка има воспоставено соодветен систем за да го слушне гласот на своите вработени,со што се добиваат повратни информации и предлози од вработените. Овој систем помагаво процесот на идентификувањена областите кои треба да се подобрат, нои тоа да се прати јасна порака дека банката го почитува мислењето на своите вработени. Останати инцијативи во овој контекст се јавно признавање на достигнувањата на вработените, организирање на рекреативни активности како што се спортски настани, заеднички викенди за подобро поврзување на вработените и нивна идентификација со банката. Во овој контекст мора да се споменат и редовните награди за сите вработени задржувајќи го системот на правичност, редовно адаптирање на платите, приватно здравствено осигурување за вработените и членовите од нивното семејството итн.

Една од основните премиси на Халк Банка е фокусот на вредноста од инвестицијата наместо следење на повратот на инвестицијата. Со фокусот на вредноста од инвестицијата се мерат нематеријалните придобивки од иницијативите, како што се задоволството, лојалноста и ангажираноста на вработените. Благосостојбата на вработените е растечки клучен фактор во “S” сегментот од ESG политиката, имајќи во предвид дека физичката и менталната благосостојба на вработените има директно влијание врз деловните перформанситеизадоволството на клиентите. Покрај тоа, со имплементирањето на ESG стратегијата, Халк Банка продолжува да ја декларира својата посветеност на „поголемото добро“, со што таа стана сe поатрактивно место за постојните и нови вработени кои тежнеат кон чувството“мисија” од нивното работно место. Накратко кажано,Халк Банкапродолжувада инвестира во својот човечкиот капитал како еден од основните постулати за имплементација на квалитетна ESG стратегија.

Како банката обезбедува фер и етички третман на своите клиенти, односно дали постојат некои мерки и активности што се во насока на заштита на интересите на своите клиенти и унапредување на нивното искуството во работењето со банката? Можете ли да споделите примери на иницијативи насочени кон клиентите што банката ги имплементирала во таа насока?

Гонев: Како дел од корпоративната култура на Халк Банка е обезбедувањето на фер и етички третман за своите клиенти кој се обезбедува со спроведување мерки и активности насочени кон заштита на нивните интереси, како и подобрување на нивното искуство во работата со банката. Една од мерките е еднаков и правичентретман на клиентите, односно систем заснован на резултатидизајниран да обезбеди праведност за сите клиенти при своето работење. Халк Банка ги дефинира и самите производи и услуги во насока да се обезбеди едноставен и фер модел на соработка со клиентите. апроизводите и услугите се комуницираат на транспарентени лесно разбирлив начин.

Врз основа на тоа, Халк Банка креира перцепција на партнер кој во својата корпоративна култура се држи до фер и еднаков третман за своите клиенти. Со овие мерки и иницијативи, банката не само што ги штити интересите на клиентите туку во исто време го унапредува нивното искуство во работењето со банката. За успехот на оваа стратегија заслужни се сите вработени кои ја разбираат важноста на фокусот кон клиентот и секојдневно се стремат да ја подобрат.

За овие цели банката одвојува дел од својот буџет кој се користи за постојани инвестиции во своите вработени, нивна дополнителна едукација,истражување на пазарот,како и собирање и обработка на релевантни податоци. Со сето ова се создаде култура на ориентираност и фокусираност кон клиентите чијашто важност ја разбираат сите вработени и постојано се  стремат да ја подобрат. Со инвестициите во своите вработени, се постигна целта подобро да се разберат потребите на клиентите, Појдовна точка при дефинирање на производите на банката е искуството со клиентите и нивните потреби, како и тоа кога и на кој начин им е потребен одреден производ или услуга.

Придобивките од имплементирање на ESG стратегијатаво Халк Банка се многубројни. Почетната точка беше подобро да се разберат и менаџираат климатските предизвици пред кои сите ние се наоѓаме. Но, препознавајќи ја клучната улога на финансискиот сектор во унапредување на отпорноста на општеството во целина беше исто така значен фактор што само дополнително придонесе за зајакнување на односите на банката со сите засегнати страни, вклучувајќи ги вработените, клиентите и инвеститорите. Банките како општествено одговорни институции не само што имаат потреба, туку тие имаат и обврска за имплементација на ESGстратегија во секојдневното деловно работење.

Одговорите во ова интервју се ставови на интервјуираниот и не секогаш ги одразуваат официјалните ставови на Американската стопанска комора.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

ИНТЕРВЈУ САЊА БОЖИНОВСКА: Инфлацијата и истрошениот буџет се најголемите предизвици со кои на стартот ќе се соочи новата влада на ВМРО-ДПМНЕ