Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Манчестер Сити сака ја ангажира ѕвездата на Баерн, Џамал ​​Мусиала (21), тврди Guardian.

Угледните англиски медиуми ја објавија оваа вест откако Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите го исфрли тимот на Пеп Гвардиола, кој нема да може да ја одбрани титулата европски првак од минатата година.

Гвардиола сака дополнителни опции во напаѓачката средина, а главна цел е еден од најголемите таленти во светот. Пред да игра сениорски фудбал, Мусиала играше за германски СГ Барокштад Фулда-Ленерц, а потоа и за Саутемптон и Челси во Англија. Баерн го врати во Германија во 2019 година и оттогаш е член на баварскиот клуб.

Тој се приклучи на првиот тим во 2020 година и досега има собрано 161 официјален настап, 43 гола, 30 асистенции и десет клупски трофеи. Иако е роден во Штутгарт, има германско и англиско државјанство. Избра да игра за Германија, во чиј дрес досега одигра 27 натпревари и постигна два гола.

Transfermarkt: Мусиала вреди 110 милиони евра

Transfermarkt, веб-страницата која се занимава со проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека Мусиала вреди 110 милиони евра, што го прави еден од најскапите во светот, веднаш зад Фил Фоден и Букаја Сака (130 милиони евра), Винисиус Жуниор (150) и Килјан Мбапе, Ерлинг Холанд и Џуд Белингем (180).

Сепак, Баерн нема лесно да го пушти Мусиала, кој има важечки договор до летото 2026 година.

Guardian пренесува дека клубот од Минхен може да бара огромна сума за својот играч од средниот ред и тоа би можело да ги исклучи заинтересираните клубови, вклучувајќи го и Челси.

Да потсетиме, најскап играч на Манчестер Сити е Џек Грилиш, офанзивец кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 117,5 милиони евра. Богатите арапски сопственици на Сити веројатно би морале да го соборат тој рекорд за Мусиала.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе