Киев: Русија планира операција под „лажно знаме“ во нуклеарката Запорожје

photo: Newsweek

Руските сили се подготвуваат да извршат операција со „лажно знаме“ во најголемата европска нуклеарна централа, соопшти украинската војска, откако беспилотно летало го погоди објектот и ги зголеми стравувањата за неговата судбина со оглед на нејзината локација на првата линија на борбите.

– Москва „се подготвува да изврши уште една провокација“ во нуклеарната централа Запорожје во јужниот украински град Енерходар, се вели во соопштението на Генералштабот на Украина.

Во него стои и дека оваа „провокација“ би била дел од операцијата „лажно знаме“ со цел да се обвини Украина, соопштија вооружените сили на Киев, повикувајќи се на разузнавачки податоци, пренесува „Newsweek“.

Нуклеарната централа, која е под руска контрола во јужниот украински регион, повеќе од две години војна ги помина на линијата на фронтот.

Гранатирањето и нападите со беспилотни летала околу објектот со шест реактори ги зголемија стравувањата за можна нуклеарна несреќа.

Претходно овој месец, Русија и Украина се обвинуваа една со друга за нападите со беспилотни летала на локацијата.

Гроси предупредува на потенцијална нуклеарна несреќа во Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот