Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела - Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години. ОЈО Струга поднесе и барање за поведување подготвителна постапка против еден малолетник.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со претходната постапка во која обвинителството за испитување на целиот случај формираше посебен тим од полициски службеници, експерти од Центарот за социјални работи и стручни лица за детска психијатрија и психологија, беа обезбедени докази кои упатуваат дека првиот осомничен во текот на 2018 и 2019 година, во неколку наврати извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2009 година.

Дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело  – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него.

Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе