logo
logo
logo

Ковачевски: Со олеснувањата за поставување фотонапонски централи, ќе ги ублажиме последиците од енергетската криза

Vecer | 30.08.2022

Ковачевски: Со олеснувањата за поставување фотонапонски централи, ќе ги ублажиме последиците од енергетската криза

На денешната Владина седница поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење, кои ќе бидат доставени во собраниска процедура. За ова информира премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил, од каде порача дека ова е доказ за посветеното работење на Владата за ублажување на последиците од енергетската криза. -Креираме амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо, наједноставно и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја, напиша Ковачевски. Информира дека процедурата која денеска е усвоена на Влада предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на правни лица до 40 киловати. -Ги поедноставуваме процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. Со ова излегуваме пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, а помагаме на домашниот електроенергетски сектор, наведува Ковачевски. Испрати апел до пратениците проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk