21 Мај, 2024
0.0264

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија преку едукативната и информативна кампања - „Ти си на ред“, поттикнува поголема излезност на Претседателските и Парламентарните избори и упатува апел кон сите гласачи, дека и во двата изборни циклуси, нивните лични гласачки права се загарантирани.

За претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Програма за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија спроведена од  Меѓународната фондација за изборни системи - ИФЕС, (International Foundation for Electoral Systems - IFES)  ја поддржува кампањата на Државната изборна комисија „Ти си на ред“, со цел едукативните и информативните материјали да стигнат поблиску до населението од руралните средини, како и до маргинализираните групи.

Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата, а истиот започна од минатата седмица и досега ги посети општините Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје и тоа во општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар.

Караванот продолжува и во другите општини и рурални средини меѓу кои и Старо Нагоричане (24.04.2024), Тетово, Теарце, Пласница (29.04.2024), како и Битола и Градско (30.04.2024).

ДИК во склоп на самиот караван, преку споделениот едукативен материјал за гласачките права на гласачите, за претстојните Парламентарни и Претседателски избори, ги едуцира граѓаните и за двата изборни циклуси.

Од Државната изборна комисија ги потсетуваат сите гласачи дека на Претседателските избори во среда (24.04.2024), потребно е со себе да носат документ за лична идентификација – важечка лична карта или пасош, односно лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година. 

Гласачите имаат можност да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк:  https://www.izbirackispisok.gov.mk/.

_____________________

(*Искажаните ставови, мислења и содржини во кампањата не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.)

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“