[ФОТО] Ова е најбогатата земја на светот и низ годините сите сакаат да живеат таму – еве што имаат тие, а ние го немаме

Точка

12/04/2024

10:45

13.586

Големина на фонт

а а а

Луксембург е прогласена за најбогата земја во светот, а со самото тоа и најпосакувана за живеење.

Луксембург се граничи со Франција, Белгија и Германија, а позната е по даночните олеснувања за големите компании.

Луксембург е мала, но исклучително богата земја која има околу 569.958 жители. Се смета за деветта најмала земја на светот, а политичката ситуација во неа е стабилна.

Државата 19 години ја водел шефот на христијанско-социјалистичката народна партија Жан-Клод Јункер којшто сега е и претседател на Европската комисија.

Луксембург е познат и како последното големо војводство на светот.

Што е тоа што го има Луксембург, а ние го немаме?

1. Локација

Сместен во срцето на западна Европа, Луксембург нуди лесен пристап кон секој голем и мал град во околината. За Лондон секој ден од Луксембург има по девет летови, а Париз е оддалечен на еден час лет со авион, додека пак Брисел на три часа возење со воз, а во Берлин сте за само два часа.

2. Градот Луксембург ја задржал својата единственост

Иако нема најкреативно име, главниот град на земјата е одличен пример за спротивставување на старото и новото, како и природното и вештачкото.

Изграден е во средниот век, а центарот на градот е преполн со мали, стари згради и остатоци од средновековното минато. Долината среде градот ја краси река опкружена со зеленило.

Другите делови на градот, како што е финансискиот центар Кирхберг, е дом на стаклените облакодери и големите авении. Градот исто така е и културно срце на земјата и домаќин на многу музеи, уметнички галерии, барови и ресторани.

3. Место на различни култури

Од жителите на Луксембург кои на почеток на 2015 година изнесувале 562.958, речиси 46 отсто се странци. Ова му овозможува на Луксембург да биде дом на многу култури без оглед на својата големина. Со 16 отсто од целото население, Португалците се најдоминантни, следат Французите и Италијанците.

4. Храната е превкусна

Културата на Луксембург во голема мера се фокусира на јадењата и пијалаците, а главниот град е град со најмногу ресторани со Мишелин ѕвезди по глава на жител во светот.

5. Возење, пушење, пијалаци – сѐ е евтино

Иако е забрането пушењето во баровите, кафулињата и клубовите од 1 јануари 2014 година, данокот на цигарите и натаму е најнизок во Луксембург за разлика од останатите европски земји.

Низок данок има и на алкохолот и бензинот, па така поголем дел од луѓето од цела Европа патуваат до таму за да ја купат таа роба.

6. Платите се добри

Луксембург е една од земјите во Европа каде платите се највисоки. Делумно тоа го објаснува големиот број од луѓето од околината кои секојдневно доаѓаат на работа во Луксембург, но живеат надвор од земјата.

7. Природата е фантастична

Прекрасните пејзажи во Луксембург ќе ви се допаднат од прва.

Од густите и брдовити шуми до регионот Милертал којшто се нарекува и мала Швајцарија, природата таму ќе ве натера да останете подолго.




Спонзорирани линкови

Маркетинг