Дебитантски гол на Бектеш, Победа загуби од третолигашот Шкендија Арачиново

Второлигашот Победа го одигра третиот контролен натпревар во новата година. Во Скопје, на теренот со вештачка трева во Арачиново, третолигашот Шкендија го совлада поранешниот првак од Прилеп со 3-1 (0-1). 

Натпреварот понуди беа различни полувремиња. По првиот дел беше 0-1, водство на Победа, преку новодојдениот Исмаил Бектеш. Меѓутоа, на стартот од вториот дел веднаш пенал за домаќинот и Ѓорѓиевски донесе израмнување на 1-1. Потоа втор гол за Шкендија Арачиново, овојпат од игра преку Христијан Димов, и уште една најстрога казна на Руфат Чилафи за финални 3-1.

Следниот четврти тест, Победа го закажа следната недела против Башкими во Прилеп.