04 Мај, 2024
0.0420

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

Објавено во: Економија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Младите доколку сакаат да имаат успех на професионален план, потребно е да ги шират контактите.

Поголем број на контакти отвораат повеќе можности за побрзо и полесно пронаоѓање на нова работа, за ширење на соработката, за споделување на искуства и учење на нови работи.  Катерина Златановска Попова, советничка за развој на кариера и обучувач за меки вештини вели дека е важно да имате добри контакти ако сакате да напредувате и да бидете успешни.

„Особено е важно кого познаваш и кој те познава тебе. Токму затоа, во мојата работа со младите луѓе, постојано нагласувам дека користењето на социјалните мрежи треба да е мудро и во контекст на стратешко претставување на својата личност и своите вештини. Посебно клучна улога во овој контекст има LinkedIn, мрежа со над милијарда корисници каде понудата и побарувачката на квалитетни професионалци е континуирана и воедно пронаоѓањето на работа е многу полесно и побрзо. Вмрежувањето за некои од нас е многу едноставно и лесно, додека пак за други е навистина сериозен предизвик. Сè зависи од личноста, а многу веројатно една одредена група на личности со посебен интерес ќе разменат визит картички со сите учесници бидејќи тоа едноставно е дел од нивната „ДНК“. Силно верувам дека обуките и семинарите, особено оние кои траат подолг временски период се одлично место за нови познанства, градење на нови релации и отпочнување на нови соработки“, објаснува Златановска Попова.

Додава дека исклучително е важно со кого сте опкружени, од кого учите и кои се вашите модели за да се развивате и растете како личност и приватно и професионално. 

„Би рекла дека многу зависи од личноста. Некои луѓе се опуштени само ако се опкружени со слични на себе, со слични интереси. Други пак, посакуваат да познаваат што повеќе различни луѓе и имаат вистински интерес за различни области и сектори. Постои едно истражување, па дури и видео игра (Six steps to Kavin Bacon) кои тврдат дека до било која личност на светот може да се стаса преку 6 чекори. Филозофијата е едноставна, поаѓа од идејата дека сè во природата функционира како мрежа која во одредени моменти се спојува и разгранува (нервниот систем кај човекот, електричната мрежа, компјутерските мрежи и сл.), па така е и со релациите помеѓу луѓето, сите се меѓусебно поврзани и потребно е само да познаваш некого, што познава некого, што познава некого...Што мислите, во Македонија колку чекори ви се потребни за да стигнете до било која личност? Обидете се, многу е интересно и воедно многу вистинито, јас неколку пати го имам тестирано ова и секогаш се покажало како точно. Е сега, клучно прашање е во која група повеќе се препознавате...и можеби најважно, дали во своето најблиско опкружување имате некој кој познава некој, кој познава некој“, вели Златановска Попова.

Денес онлајн има шанси за пријавување на многу обуки и семинари кои се од меѓународен карактер.

„Сум посетила многу семинари каде присуствувале колеги од Македонија, но и предавачи од Србија, Бугарија, Франција, Британија, Босна и Херцеговина, Швајцарија. Последен пат кога останав без работа, благодарение на многуте контакти, успеав за многу кратко време да пронајдам нова работа“, вели наша соговорничка.

Се смета дека контактите позитивно влијаат на идеите за работа, креативноста, прават да бидете видливи и слично. Повеќе контакти значат и повеќе луѓе од кои можете да побарате совет, информација, препорака. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/creativeart

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?