Три сценарија според кои Ѓоковиќ може да остане прв и после „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Србинот Новак Ѓоковиќ се подготвува за стартот на Мастерсот во Рим, а во меѓувреме дозна дека до 10 јуни, односно до крајот на „Ролан Гарос“, ќе биде тенисер број еден на планетата и дека тој ќе го продолжи своето владеење на 428 недели.

Се поставува прашање колку таа доминација и натаму ќе продолжи, а тоа ќе зависи од Јаник Синер. Доколку Италијанецот игра на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ ќе мора да биде на највисоко можно ниво за да остане на врвот на планетата.

Синер во моментов не е сигурен поради повредата на колкот и најави дека нема да игра доколку не е 100 отсто здрав. Доколку Синер стигне до полуфиналето на „Ролан Гарос“ (лани беше елиминиран од Даниел Алтмаер во второто коло), еве како Ѓоковиќ може да остане на врвот:

1. Да победи на Мастерсот во Рим и да стигне до полуфиналето на Ролан Гарос

2. Да игра финале во Рим, како и финале на Ролан Гарос

3. Да стигне до полуфиналето на Рим и да ја освои титулата на Ролан Гарос

Доколку Синер стигне до финалето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ мора да ја освои титулата во Париз и да се пласира во полуфиналето во Рим.

Карлос Алкараз има 2,645 поени помалку од српскиот ас и не може да му се закани до крајот на Ролан Гарос, освен во случај на елиминација на Ѓоковиќ во првите кола. Новак има 9,990 поени, втор е Синер со 8,860, а трет Алкараз со 7,345.

Новак Ѓоковиќ имаше поволен ждреб за турнирот во Рим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот