Качувањето на лизгалка, на делот за спуштање, обично е табу-тема. Златното правило на лизгалките е децата да се качуваат по скалите и да се спуштаат по делот за лизгање. Тогаш зошто некои мајки го прекршуваат тоа правило? Некои мајки дозволуваат, па дури и го поттикнуваат искачувањето на лизгалките затоа што има многу предности за децата.

Секако, има време и место за искачување на тобоганот на делот за лизгање: кога нема други деца. Потребно е да му кажете на детето дека не смее да се качува ако има други деца и не смее да ги вознемирува другите деца во играта и дека прво треба да ги пушти децата што сакаат да се лизгаат, а потоа да се качи, само кога никому не му пречи.

Зошто треба да се дозволи искачување на лизгалката?

Одлична вежба!

Качувањето на тобоганот не е лесно: треба да се држите за работ на лизгачот со рацете и истовремено да се качувате со нозете. Сето ова бара многу физичка сила, координација на телото и концентрација.

Ризично е

За време на нивното растење, децата мора да научат и како да се справат со ризични ситуации. Искачувањето на тобоганот е ризично, но исто толку ризично е и правилното спуштање, како и секоја друга игра. Наше е да бидеме во близина и да ја следиме ситуацијата.

Решавање конфликти

Качувањето на тобоганот вклучува потенцијален конфликт кога едното дете сака да се спушти, а другото да се искачи, што е одлична можност за вежбање комуникација и решавање конфликти.

Справување со неуспехот

Качувањето обично завршува со неуспех, што е одлична можност децата да сфатат дека не успева сѐ со првиот обид и дека некои работи бараат извонреден труд. Без решителност и упорност, тешко е да се освои врвот.

Зајакнување на тимскиот дух

Ако детето се качува на тобоган во друштво на други деца, тоа е одлична можност за тимска работа: децата наскоро ќе се координираат, ќе си помагаат и ќе си го покажат најлесниот начин да се искачат до врвот.

Зајакнување на самодовербата

При качување, децата стекнуваат доверба во сопствените способности и тело. Ако ги охрабриме, им покажуваме дека и ние веруваме дека можат да го освојат врвот на тобоганот, па дури и Монт Еверест, ако вложат труд.

Извор



912

X