Vivo X90 и X90 Pro пристигнаа на меѓународниот пазар

Компанијата Vivo во ноември ги претстави во Кина водечките модели X90 и X90 Pro, кои конечно пристигнаа на меѓународниот пазар, а тоа значи дека новата серија Samsung Galaxy S23 доби силна конкуренција.

X90 Pro е помоќен уред од X90, со заоблен дисплеј од 6,78 инчи со стапка на освежување од 120 Hz, а се напојува со комбинација на MediaTek Dimensity 9200 и Vivo V2 процесор. Доби и до 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

V90 PRO се напојува со батерија од 4.870 mAh со поддршка за жично полнење од 120 W и безжично полнење од 50 W. Мобилниот телефон најмногу ќе се полни во „балансиран“ режим, што е доста брзо, па батеријата ќе се полни од 1 до 100% капацитет за 29 минути. Меѓутоа, доколку е потребна поголема брзина на полнење, можно е да се избере брзо полнење, во тој случај батеријата се полни од 1 до 50% капацитет за 8 минути и 10 секунди.

X90 Pro има интересни камери сместени во масивен кружен модул на задната страна. Има главна камера ZEISS од 50 MP, портрет камера од 50 и широка камера од 12 MP. Наместо оптичкиот зум на Samsung, Vivo се фокусираше на портрети. Главната камера е доста добра и користи 1-инчен сензор IMX989 на Sony. Напред, селфи камерата од 32 MP е сместена во централизиран дупкаст зарез.

Уредот е отпорен на вода и прашина според стандардот IP68, има двојни стерео звучници и систем за течно ладење. Задниот панел е обложен со црна веганска кожа, што го прави да се издвојува во морето од уреди со стаклени задни панели.

X90 има исти димензии и ги дели повеќето спецификации со моделот X90 Pro вклучувајќи го екранот, процесорот и батеријата, но во овој случај нема безжично полнење. Главната разлика е во помалку моќната камера, бидејќи портретната камера од 12 MP го замени сензорот од 50 MP. Овој модел има стаклена задна плоча и доаѓа во Breeze сина и Asteroid црна боја.

Двата паметни телефони користат софтвер Vivo Funtouch OS 13, кој се базира на Android 13.

Vivo X90 Pro ќе биде достапен во Азија и Европа, додека X90 е резервиран за азиските пазари.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе