Серија земјотреси го погодија Тајван: Најсилниот беше 6,3 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Хуалиен во источниот дел на Тајван, соопшти метеоролошкиот оддел на островот.

Како што може да се види на EMSC, неколку земјотреси денеска го погодија Тајван, а најсилниот беше со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот ги потресе зградите во главниот град Тајпеј и се случи на длабочина од 5,5 километри, соопшти Метеоролошката управа.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

На почетокот на месецот, најмалку 14 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Хуалиен, а Тајван оттогаш е потресен од стотици последователни потреси.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и земјотресите се честа појава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното