Измамени тетовци од лажен агент, зеле по 500 евра па морале да платат обештетување над 9 000 евра

Вчера во 12.30 часот во СВР Тетово, 51 – годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово.

„Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повреден во сообраќајна незгода, биле контактирани од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, парите им биле дадени на рака. Како што е пријавено, во текот на 2023 година добиле судски покани во врска со наведената сообраќајна незгода, а осигурителната компанија барала обештетување од нив во износ од 9200 евра, пари кои никогаш лично не ги добиле од компанијата, ниту пак ополномоштиле адвокат или лице да ја води нивната постапка, по што сфатил дека биле доведени во заблуда и измамени од А.Л.. Се преземат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот