Македонија во декември ќе биде домаќин за завршниот Самит на ОБСЕ како земја претседавач. Во салата „Борис Трајковски“ ќе дојдат високи гости, за таа цел во арената се прават подготовки и адаптација. Преуредувањето на салата го прави омилената фирма на ДУИ Еуровиа“, и тоа за 1,8 милиони евра.
Што би се рекло во една реклама „но тоа не е се“.
Министерството за надворешни работи, како што пренесува Република, ќе плати 960 илјади евра за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји, Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје.
Она што интересно во договорот е дека возилата не смеат да бидат со повеќе од 200.000 километри.
„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.
Нејасно е зошто МНР се одлучило да изнајми возило со речиси 200.000 поминати километри, кога за речиси милион евра може да се купат триесетина солидни нови возила кои чинат околу 30.000 евра.