Грчките медиуми за изборите

Весникот „Та Неа“ во текст под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“. 

Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, пишува „Та Неа“. 

Весникот „Катимерини“ ги пренесува следните чекори по изборите, осврнувајќи се на инаугурацијата на новата претседателка в недела, коментирајќи дека тогаш ќе се види дали односите со Атина „ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања. Грчки експерти и аналитичари сметаат дека односите меѓу двете земји „почнуваат од нула“.