- Во текот на вчерашниот ден во контролите извршени во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 273 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции.

Од МВР денеска информираа дека 12 се мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.

- Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила..., посочуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
17/11/2023 23:01