ВИДЕО | Обожавател ја гаѓаше Ники Минаж со предмет среде настап: Пејачката се налути и направи нешто неочекувано

Ники Минаж / Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

По Бебе Реџа, Дрејк, Хари Стајлс,Тејлор Свифт и други познати ѕвезди, сега и Ники Минаж стана мета на обожавателите на еден од нејзините настапи.

Имено, еден обожавател фрлил со предмет кон пејачката среде настапот одржан во Детроит во рамките на нејзината светска турнеја „Розев петок“, пишува „Мирор“.

Во видеата кои се споделија на социјалните мрежи може да се забележи како Ники го избегнува летечкиот предмет наведнувајќи се, а потоа налутено го зема и го фрла назад во публиката.

Дали удрила некој од публиката? Не е познато, но се чини дека овој потег на обожавателите доста ја налути пејачката.

По инцидентот, таа го одржа концертот до крај, но се оддалечи од тој дел на сцената. Пејачката настапила и вечерта по инцидентот бидејќи имала закажано два последователни настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот