29 Април, 2024
1.4851

Лалковски: Пасијата за фудбал и иновација не спои во ВИ стартап за револуција на скаутингот

Објавено во: Економија 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Кога ќе ги споите пасиите за иновација и фудбал добивате уникатен интернационален стартап кој развива вештачка интелигенција за откривање млади таленти и анализа на податоци за секој аспект на нивната игра. Стартапот помина низ почетна фаза на акцелерација и веќе соработува со повеќе фудбалски клубови, лиги и федерации. Од светските имиња неодамна им се приклучи легендарниот англиски фудбалер Сол Кембел кој се истакна со настапите за Арсенал. Од македонските клубови засега имаат соработка со Работнички кој важи за расадник на млади таленти. 

„Ние сме тим од поединци кои што имаат огромна страст за спорт, но не обединува и пасијата за иновација и како таа може да допринесе во светот на спортот. Истражувавме како технологијата може да ги подобри и демократизира процесите за идентификација на фудбалски таленти“, вели Илија Лалковски еден од основачите на Талнетс и главен за развој на ВИ. 

„Талнетс“ е швајцарско-македонски SportsTech стартап, специјализиран за анализа на фудбалски видео податоци со помош на вештачка интелигенција.

„Недоволно развиените региони имаат огромен потенцијал, но немаат еднакви можности за откривање на таленти. Преку дискусии со клубови и лиги од овие региони, сфативме не само што од нив има недостиг на податоци, туку и таму каде што ги имаа постојат огромни  пречки за нивно анализирање. Во суштина, нашиот тим е воден од заедничка страст и ентузијазам кој  што веќе го дефинира идниот процес за идентификација на таленти и скаутинг“, ја објаснува Лалковски идејата за развој на ваков софтвер.

Се очекува оваа иновација да внесе револуција во фудбалскиот скаутинг, особено што е меѓу првите во светот што користи ВИ. 

„Моделот на Talnets преку ВИ го скратува времето за анализа на играта за 90% и ги извлекува релевантните податоци за играчите на ефикасен начин што го прави достапен за лигите и регионите од пониско ниво. Со ова е овозможена аналитика и видливост на играчите насекаде низ светот“, вели Лалковски. 

Еднаква шанса за сите таленти

Скаутингот и анализата на потенцијалните фудбалски ѕвезди е скапа активност која може да си ја дозволат на највисоко ниво само најбогатите клубови во светот. Со помош на ВИ овој процес се поедноставува и демократизира и тоа е една од главните идеи на иновацијата. 

„Конкретно во спортот ВИ ќе го трансформира секој негов сегмент: почнувајќи од идентификација на таленти и подобрување на физичката спремност на спортистите,  до атракции за фановите преку видео – преносите и слично“, смета Лалковски.

Вештачката интелигенција е нов тренд кој зема голем замав, но стартапите кои од ова тло развиваат нови технологии може да се набројат на прсти.

„Вештачката интелигенција e трансформативна технологија која ја претствува четвртрата индустриска револуција. Во регионов имаме огромен инженерски потенцијал за ВИ и таленти, но недостасуваат инвестиции, дедицирани фондови за инфраструктура и уште повеќе ресурси за развој како би можел тој потенцијал  да се искористи, по примерот на високо – развиените земји.   Постојат неколку ВИ стартап компании во регионов и особено ми е драго што сме ние едни од нив и што придонесуваме за соодветна имплементација на најсовремените технологии, бидејќи нејзината примена во индустријата е бескрајна“, потенцира Лалковски. 

Во поглед на соработката со Сол Кембел од Талнетс велат дека ќе работи заедно со Извршниот директор Дарко Станоевски на позицијата Раководител на фудбалски тренинг и анализа. 

„Надвор од теренот, Сол ја примени истата остроумност со која успеа како фудбалер и во бизнисот. Како претприемач, Сол внимателно ја следеше сцената на спортските иновации каде што беше меѓу водечките гласови во усвојувањето на технологијата за унапредување на спортот што го сака. Сол ќе ги збогати можностите на платформата со извлекување дополнителни сознанија од податоците со цел идентификација на таленти“, заклучува Лалковски.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи