Ресторан во Сингапур, специјализиран за јапонска кујна, го привлече вниманието на корисниците на мрежите откако промовираше необично јадење.
Сепак, не сите реагирале позитивно откако дознале што всушност се сервира во чинијата, пренесува Oddity Central.
Во основа, тоа се сурови јајца од октопод сервирани во бела лушпа. Таа се топи на чинијата со помош на лампа, а специјалитетот најчесто се служи со соја сос.
Претставниците на ресторанот објасниле дека јадењето е на менито до средината на мај, што ја зголеми желбата на љубопитните да го пробаат.
Додаваат и дека гостите се пријатно изненадени од вкусот и велат дека наликува на „кремаста жолчка од јајце“.
„Богат е со протеини, омега 3 масни киселини и витамин Б12, што придонесува за урамнотежена исхрана“, велат тие.
Сепак, не сите реагираа позитивно. Многу корисници истакнуваат дека „сервирањето сирови јајца од октопод е погрешно“ и дека „не мора сè да се јаде“.
Овој специјалитет е познат во Јапонија, особено во региони како Хокаидо, каде што е достапен во текот на целата година.