Во спроведена акциска контрола на територијата на државата во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 193 возачи за брзо возење, информираат од МВР.

- Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час над дозволената брзина. Притоа, 98 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.


Администратор
07/03/2024 23:24