ФОТО | Обожавателите скршени: „Симпсонови“ го „убија“ ликот кој 35 години редовно се појавуваше во популарната серија
„Симпсонови“ (The Simpsons) во новата епизода емитувана минатиот викенд го „убија“ Лери. Редовниот гостин на „Moe’s Tavern“ почина токму во барот каде што беше редовен гостин уште од првите епизоди на популарната серија во 1989 година.
Хомер, Мо, Лени и Карл во последната емитувана епизода присуствуваат на погребот на Лери, каде што сфаќаат дека знаат мошне малку за него со оглед на бројот на години колку што се познавале, пренесува НМЕ.
Затоа, Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, пишува „Сан“.
Во својот говор на погребот, мајката на Лери ги споменува токму редовните гости на омилениот бар во Спрингфилд.
– Мојот Лоренс секогаш зборуваше за своите најдобри пријатели, момците од „Moe’s Tavern“ – по што таа ги охрабрува да дојдат и да кажат неколку зборови за него.
Season 35 News: New promotional images for “Cremains of the Day” have been released! #TheSimpsons https://t.co/95pMxR0tiP pic.twitter.com/UqNXdGQ9tg
— Wikisimpsons (@simpsonswiki) April 8, 2024
Хомер, Мо, Лени и Карл добиваат задача да ја однесат пепелта на Лери на неговото „посебно место“ – Серенити Фолс, откако неговата мајка им подарува групна фотографија на која се сите заедно.
Иако беше тивок лик кој не беше клучен за главните точки на заплетот на серијата, Лери редовно се појавуваше во „Таверната на Мое“ (Moe’s Tavern) уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу обожаватели на „Симпсонови“.