Мицкоски: Ве повикувам да излезете да гласаме за Македонија да биде повторно горда, и повторно твоја!

Вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека народот на Македонија покажал дека секој оној кој го потценува, прави голема грешка.

Тој вели дека на кандидатот за претседател Арбен Таравари му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.

„Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети, најквалитетните Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци … Ова е ваша земја, заедничка земја и време е заедно да испишеме нова историја со која заедно ќе се гордееме, да не дозволиме во вториот круг ДУИ да направи нешто кое никој од нас не го сака, а тоа е добар резултат. Затоа ве повикувам да излезете да гласаме за Македонија да биде повторно горда, и повторно твоја. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден, јас повикувам на целосно, народно обединување против оваа власт, ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати, христијаните, муслиманите, подавам рака на сите, и ги повикувам сите, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме“, вели Мицкоски.

Тој ги повикува граѓаните за обединување.

„Имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес, за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време, да се обединиме под едно знаме и под една цел – Македонија да биде повторно наша, заедничка, единствена. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста и секојдневието, светот на кој живееме на подобро, дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно“, вели Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното