Се намачи тимот на Барселона да стигне до нова победа во Примера шампионатот денеска и тоа против тим кој се бори за опстанок, а тоа е Алавес. На свој терен Барса триумфираше со 1:0 и тоа со голот на Левандовски во 61. минута.
Имаше домаќинот и пред тоа ситуации да дојде до посакуваната предност но тоа не се случи во првиот дел. Сепак, Алавес не издржа, а и по негативата немаше сила да направи нешто повеќе во однос на резултатот.
Со оваа победа Барселона стигна до 45. бодови и третата позиција на табелата, додека пак Алавес е во зоната за испаѓање со 18. поени.